Економија, финансии, бизнис

Контакт

Грчките земјоделци ги зајакнуваат блокадите во целата земја

Грчките земјоделци ги зајакнуваат блокадите во целата земја

Грчките земјоделци ги зајакнувата блокадите во целата земја и не е исклучена можноста да се затвори пат кон границата со Бугарија, пишува електронското издание на весникот „Прото тема“. Блокади во моментов има на магистралите Серес-Солун и Серес-Промахон.

Земјоделците протестираат веќе втора недела и за викендов планираат да вклучат што е можно поголем број земоделски машини. Тие се закануваат со затворање на магистралите и пристигнување со трактори и камиони во Атина, а апелираат и до другите социјални групи да им се приклучат.

Владата на премиерот Андонис Самарас претходно оваа недела одобри пакет мерки, со кои делумно се задоволуваат барањата на земјоделците. Според нив сепак Владата си поигрува со нив и им „фрла трошки“.

Одлуката за натамошните активности тие ќе ја донесат на советувањето утре во градот Лариса.

Едно од главните барања на земјоделците е да ги продаваат своите производи без посредници, бидејќи тие добиваат поголем дел од заработувачката.

Слично

Поврзани вести