Економија, финансии, бизнис

Контакт

Грчките власти во „лов“ на даночни должници

Грчките власти во „лов“ на даночни должници
Властите во Грција се во „лов“ на даночни должници , бидејќи вистинско " цунами " од нови долгови ги зафати касите и фондовите , алармираат локалните весници , цитираат од светските агенции. Од почетокот на годината, обврските растат вртоглаво со околу една милијарда евра месечно , што е знак дека пазарот се задушува , а домаќинствата и бизнисот се во ќор-сокак и изнемоштени од непрекинатите даночни оптоварувања наметнати од надворешните кредитори на земјата , пишува весникот " Нафтемборики " . Изданието тврди дека во октомври извонредни обврски на даночните обврзници достигнаа 1,1 милијарди евра . Новите заостанати долгови акумулирани од почетокот на оваа година , скокнаа до 7.28 милијарди евра . На крајот на септември тие биле 6,1 милијарди евра . Според податоците на весникот " Кердос " еден на секои петмина должници во Грција не поднел декларација за данок на додадена вредност . Порастот на новите долгови го загрижи и економскиот тим на кабинетот на Андонис Самарас , бидејќи ефектот од нив ги довел дотаму што старите и новите долгови кон крајот на октомври изнесувале 60.64 милијарди евра . Ако на оваа сума се додадат и неданочните обврски , заостанатите долгови кон државата надминуваат 62 милијарди евра , забележува весникот " Имерисија".  
Слично

Поврзани вести