Економија, финансии, бизнис

Контакт

Грчките власти со радикални мерки против штрајкувачите

Грчките власти со радикални мерки против штрајкувачите

Грчките полицајци упаднаа во депото на атинското метро, за да ги запрат протестите против планираните намалувања на платите. Во метрото беа забарикадирани работници од подземната железница кои веќе неколку дена штрајкуваат.

Откако Владата објави граѓанска мобилизација и даде зелено светло и на полицијата за изврши упад во депото рано утринава и да истера оттаму десетици штрајкувачи.

Властите ги отцепија патиштата кои водат кон метрото во западниот дел на грчката престолнина, за да попречат на стотици поддржувачи на штрајкувачите да стигнат до таму.

Оние кои ќе одбијат да се вратат на работа, ризикуваат да бидат отпуштени и уапсени, заплашија властите на Грција.

Слично

Поврзани вести