Економија, финансии, бизнис

Контакт

Грчките туристички работници се креваат на штрајк

Грчките туристички работници се креваат на штрајк

Грчките работници во туризмот утре ќе се кренат на штрајк поради тоа што не добиваат никакви покачувања на примањата, а работат се уште во незавидни услови кои никако да се подобрат иако земјата бележи рекордни приходи од гостите од странство.

Грчката федерација на вработени во угостителство и туризам соопшти дека вработените во овие дејности утре ќе одржат 24-часовен штрајк, со цел да извршат притисок за подобри работни услови.

Според синдикатот немилосрдноста на работодавачите целосно ги нарушила работните односи, платите останале мали, а намалени се и придонесите за труд и социјално осигурување. 


Слично

Поврзани вести