Економија, финансии, бизнис

Контакт

Грчките судови ќе одлучуваат за имотите на Македонците од Егејска Македонија

Грчките судови ќе одлучуваат за имотите на Македонците од Егејска Македонија

Околу 8.000 предмети за имотите на Македонците од Егејска Македонија се вратени од Стразбур во првостепените судови на Грција.

Ташко Јованов, претседател на здружението „Македон“,денеска изјави дека од Судот за човекови прва во Стразбур добиле насока, најпрво правата за одземаните имоти да ги бараат во грчите судови.

- Ако во наредните два до три месеци не добиеме позитивен одговор од судовите на Егејскиот дел на Македонија во Грција, одиме на втор степен, во судовите на Егејскиот дел на Македонија. Ако добиеме негативен одговор, ќе одиме директно во Стразбур, истакна Јованов.

Тој забележува доколу спорот со името се реши меѓу Македонија и Грција, предметите за имотно-правните односи, но и за македонското прашање во Грција побрзо и поеднаставно ќе се решат.

Слично

Поврзани вести