Економија, финансии, бизнис

Контакт

Грчките стоматолози бараат спас во странство

Грчките стоматолози бараат спас во странство
Се повеќе расте бројот на стоматолози во Грција кои одлучуваат да ги нудат своите услуги во странство, како и бројот на пациенти кои бараат поевтини услуги во соседните земји. Уште поголем е бројот на пациенти кои одлучуваат да ја одложат денталната хигиена.
- Со оглед на фактот што денталната хигиена е еден од факторите кој покажува колку е напредна една нација, ова докажува колкаво влијание има  економската криза врз грчкото општество, изјави Атанасиос Девлиотис, претседател на Солунската асоцијација на стоматолози.
Друг фактор кој е многу влошен е и тоа што повеќе фондови за социјално осигурување престанаа да ги покриваат трошоците за дентална грижа по нивното спојување со државниот фонд ЕОПУУ.
- Според последните податоци, намалувањето на активноста во нашата област во големите градови изнесува околу 50 проценти во споредба со претходните години. Најголемите загуби се бележат во протетиката каде намалувањето изнесува 80 проценти, соопшти претседателот на Асоцијацијата на стоматолози од Атика Атанасиос Ифантис.
Просечна цена за навлака во Грција изнесува 300 евра, мост од три заби чини 1.000 евра, додека цената на имплантите се движи од 1.200 до 1.500 евра.
Слично

Поврзани вести