Економија, финансии, бизнис

Контакт

Грчките сопственици на луксузни недвижнини затајуваат данок

Грчките сопственици на луксузни недвижнини затајуваат данок

Одделот за финансиски криминал на Грција (СДОЕ) утврди дека преку Интернет илегално се издаваат најмалку 500 луксузни недвижнини, од кои некои достигнуваат цена и до 10 илјади евра дневно.

Како што јави дописникот на МИА од Атина, сопствениците на овие недвижнини не го пријавувале приходот од издавањето.

Повеќето од вилите кои се издавале преку Интернет биле „невидливи“, а нивните сопственици, од кои повеќето се Грци кои живеат во странство, или се странци, ќе бидат обвинети за затајување данок.

Најголем број од луксузните недвижнини се наоѓале на островите Миконос и Парос, соопшти СДОЕ

Слично

Поврзани вести