Економија, финансии, бизнис

Контакт

Грчките службеници со плати пониски за 30%, сепак ќе земат бонус пред Божиќ

Грчките службеници со плати пониски за 30%, сепак ќе земат бонус пред Божиќ
За нови 30% ќе се намалуваат платите на вработените во јавниот сектор во Грција поради мерките за штедење кои се воведуваат идната година, а во замена за новата транша од помош за земјата. Како што јавија грчките медиуми,  од министерството за финансии веќе било испратено писмо во кое се вели дека платите на државните службеници ќе се намалат од 6 до 30%, а исклучоци ќе се прават само за полицајците, лекарите, судиите, дипломатите и универзитетските професори.

Грчкиот Парламент неодамна усвои нов пакет мерки за штедење, според кој буџетските трошоци за плати на државните службеници во текот на следната година треба да се намалат за 5,4 милијарди евра.

Инаку поради кризата речиси секое грчко семејство има помалку  за 2.000 евра, проценуваат експертите и велат дека годинава последен пат државните службеници ќе го земат традиционалниот божиќен  бонус од речиси 400 евра.  
Слично

Поврзани вести