Грчките резерви на злато изнесуваат 4,74 милијарди евра
Грчките резерви на злато заклучно со 31 декемрви 2012 година изнесуваат 3.760 унци, со вкупна вредност од 4,74 милијарди евра, од кои половина се наоѓаат во Централната банка на земјата, а половина во федералната банка во Њујорк, во Централната банка на Англија и во Швајцарија, објави весникот „Етнос“.
Податоците се објавени во Парламентот на Грција од страна на министерот за финансии Јанис Стурнарас во одговор на прашање од пратеничка на крајноседничарската партија „Златна Зора“ за резервите на злато на Грција, кои според неа се изнесени од земјата за време на германската окупација во Втората светска војна и сегашната состојба со резервите на злато во земјата.
Грчкиот министер за финансии се повикува на документ на централната банак, според кој резервите на злато, со кои банката располагала пред Втората светска војна на крајна сметка бил пренесен на чување во Централната банка на Англија, и потоа постепено вратено во Грција во периодот меѓу 1946 и 1956 година.
