Економија, финансии, бизнис

Контакт

Грчките производители на алкохол преплашени од барањата на ЕУ

Грчките производители на алкохол преплашени од барањата на ЕУ

Грчките производители на алкохол се преплашени од барањето на Европската унија за укинување на долгогодишните даночни олеснувања, кои најверојатно ќе чинат финансиски тешкотии и загуби во износ од милиони евра, коментира AFP.

Традиционалните евтини алкохолни пијалоци како ракија, ципуро и цикудија кои се консумираат масовно во целата земја, се оданочуваат со даночна стапка, двојно помала од онаа за останатите видови алкохол. Во четвртокот ЕК инсистираше Атина да го отстрани ова даночно олеснување.

Грчката влада има рок од еден месец, за да и одговори на ЕК, а ако не го реши прашањето, против Атина може да биде поднесена тужба во Европскиот суд.

Во август Грција го ратификуваше 3-годишниот план за спас, кој бара од неа да се справи со сеприсутното неплаќање на даноците. Договорот бара уште од земјата да ги укине привилегиите за земјоделците како што е поевтино гориво и даночните олеснувања врз приходите.

Слично

Поврзани вести