Грчките продавници ќе работат на 1-ви мај
Барањето на сопствениците на продавници во Грција за поместување на одбележувањето на Меѓународниот ден на трудит – 1 Мај на 7 мај, грчкото Министертсво за труд го прифати, објави атинскиот весник „Катимерини“.
Грчките трговици побараа прославата на Денот на трудот да биде поместена, бидејќе сметаат дека ќе имаат загуби во работењето доколку празникот се одбележи на 1 мај, односно во средата пред православниот Велигден, кој оваа година се паѓа на 5 мај.
Трговците очекуваат поголема продажба во пресрет на велигденските празници, па според нив доколку не работат на 1 мај би имале помала заработка. Со поместувањето на прославата на Денот на трудот, тој ќе биде одбележен во вторникот по Велигден, кога продавниците и онака нема да работат во рамки на велигденските празници.
Слично
