Економија, финансии, бизнис

Контакт

Грчките продавници ќе работат и во недела !?!

Грчките продавници ќе работат и во недела !?!
Грчкото Министерство за развој даде предлог продавниците во земјата да работат шест недели во годината, пишува весникот Катимерини. Ваквата предлог-мерка е дел од напорите да се реши проблемот со намалениот профит на трговците, а неговото разгледувањето треба да почне идната седмица. Исто така, Министерството за развој на Грција,  предлага во годината да има четири сезони на распродажби, наместо досегашните две. Работата во текот на неделите, според овој предлог би се реализирале околу божиќните и новогодишните празници, како и за време на распродажбите. Во Грција, неделата е неработен ден и сите продавници и трговски центри тогаш се затворени.
Слично

Поврзани вести