Грчките проблеми во пет графикони
Непоколебливоста на грчкиот премиер Алексис Ципрас да одолее на фискалните мерки кои доверителите ги бараат од неговата влада, произлегува од катастрофалното влијание на мерките за штедење врз Грција во текот на пет години.
Со години невработеноста е на нивоа, карактеристични за Големата депресија, а една четвртина од бруто домашниот производ (БДП) на земјата испари. Сериозноста на загубите при доход и цените на активата, кои Грците ги претрпеа, сведочат за тешкиот пат кој и претстои да го изоди Грција, независно од разврската на тековната ситуација.
Ниво на невработеност:
Просечно расположлив нето приход:
Иако по повеќе од две години на пад на корисничките цени, земјата стана синоним за дефлација, трошоците за живот се намалија само малку. Зголемувањето на данокот на додадена вредност ја одржуваа инфлацијата во Грција на највисоко ниво во еврозоната пред кризата.
Буџетските заштеди беа неизбежни во земја во која буџетскиот дефицит се надува до над 15% од БДП. И сепак постои мислење за сфаќањето дека тековниот ќор-сокак можеби е предизвикан од настојувањето на доверителите на Грција за придржување кон фискалните цели за сметка на реформите кои ќе го стимулираат растот.
Инфлација:
Со поголемо темпо од падот на грчките финансиски пазари, падот на цените на куќите исто така ја намалија вредноста на основниата класа за средства во сопственост на грчките домаќинства.
Индекс на станбените цени:
За долгорочно закрепнување на земјата најголемата загуба можеби е загубата на човечки капитал. Следствено со емиграцијата меѓу 2010 и 2013 година Грција изгуби 4% од населението. Ако истото се случи во САД, тоа ќе биде еднакво на загубата на целото население на градовите Њујорк и Лос Анџелес, земени заедно.
Нето миграција:
Обработка: К.К.
Извор: Bloomberg

Слично