Економија, финансии, бизнис

Контакт

Грчките попови во паника: Годинава ќе земат 12, наместо 15 плати

Грчките попови во паника: Годинава ќе земат 12, наместо 15 плати
Атинската архиепископија и писмено ги извести своите свештеници и црковните офицери дека за време на празникот Велигден нема да добија дополнителна плата. Архиепископијата уредно информира дека се укинувааат бонус платите за Божиќ како и за годишниот одмор. Така, сите оние на кои црквата им е работодавач, а ги има околу 10.000 во Грција, во иднина ќе имаат само 12 плати наместо 15 колку што досега земаа. Платите на повисокото и пониското свештенството се даваат од државниот буџет преку епархијата. Како што соопштија од Архиепископијата, секоја митрополија ако имате средства може да го исплати велигденскиот бонус во висина од најмногу една плата. Грција со години е погодена од тешката економска криза,  а економијата веќе шест години е во рецесија.
Слично

Поврзани вести