Економија, финансии, бизнис

Контакт

Грчките полицајци го задушија штрајкот на морнарите

Грчките полицајци го задушија штрајкот на морнарите
Грчките специјални полициски единици по една недела му ставија крак ма штрајкот на морнарите. Тие беа пратени во најголемото грчко пристаниште Пиреа каде ги загушија протестите кои веќе речиси една недела го нарушува сообраќајот на траектите. „Полицијата ја спроведува наредбата од грчката влада. Со неа, врз основа на ретко применувани прописи за вонредни ситуации, од штрајкувачите се бара да се вратат на работа“, пишува Франс прес. На телевизиската снимка се гледа дека кордонот на специјалната полиција е распореден во пристаништето меѓу штрајкувачите и бродовите што примаат патници и стока. Сегрчкиот синдикат на морепловците (ПНО) протестира поради реформата со која им е дозволено на сопствениците на бродовите да го одредуваат бројот на членовите на екипажот во зависност од должината на патувањето. Од ПНО истакнуваат дека во нивниот сектор веќе владее голема невработеност (не работат 7.000 од 15.000 члена на синдикатот), додека околу 2.000 члена не добиле плата веќе шест месеци. Првично планот беше штрајкот да трае шест дена, но организаторите одлучија да го продолжат за уште 48 часа, на што Владата одговори со забрана за понатамошни протести.
Слично

Поврзани вести