ГРЧКИТЕ ПЕНЗИОНЕРИ НА УДАР: 40% кратење на пензиите
Со 40% ќе бидат намалени дополнителните пензии во Грција. Се очекува мерката да влијае на 200 илјади пензионери.
Одлуката беше донесена од Министерството за финансии на земјата и е објавена во Службен весник. Намалувањето на дополнителните пензии ќе биде ретроактивно - од месец јуни, пренесуваат грчки медиуми.
Предвидено е основните и дополнителни пензии да бидат пресметувани врз основа на пониски стапки на осигурување.
Објавенето решение бара главната и дополнителна пензија да не надминуваат 1.300 евра.
Потсетуваме дека за да успее да ги исполни условите на меѓународните кредитори, Грција беше принудена да ги намали пензиите, да воведе нови даноци и зголемување на постојните даноци неколку пати во текот на последните години.
Неодамна грчкиот парламент го одобри зголемувањето на даноците, вклучувајќи поскапување на голем број на храна, патувања, цигари, телефонски и телевизиски услуги.
