Грчките пензионери ќе го добијат божиќниот бонус
Божиќниот бонус годинава ќе си го добијат пензионерите од јавниот сектор во Грција , соопшти денеска грчкиот министер за труд Јанис Вруцис. Најавено е и дека владините реформи во пензискиот систем на вработените во државната администрација ќе почнат да се применуваат од наредната година. Се очекува вкупно 450 илјади пензионери од јавниот сектор на крајот од годината да добијат по 400 евра божиќен бонус, што државата ќе ја чини 180 милиони евра.
Слично
