Грчките општински власти бараат итна акција за бегалската криза
Локалните власти во Грција денеска ја повика Владата да преземе итна акција во врска со бегалската криза.
Алармираат дека бројот на бегалци и мигранти кои се заглавени во земјата достигна над 61.000 луѓе.
Во писмо упатено до премиерот на Грција, Алексис Ципрас, е наведено дека локалните власти низ целата земја се соочуваат со големи проблеми и имаат многу ограничени ресурси за да се обезбеди помош за растечката популација на мигранти и бегалци во земјата. Најголем проблем имаат островите во источниот дел на Егејското море кои го носат најголемиот товар од приливот на бегалци.
Слично
