Грчките новинари повторно на штрајк
Грчките новинари денеска, вторпат оваа недела излегуваат на штрајк против плановите за спојување на нивниот фонд за социјално осигурување со државниот фонд. Вработените во медиумите протестираа и во средата.
Првиот обид на Владата да го помине законот во Парламентот не успеа, а министерот за финансии Јанис Стурнарас не доби поддршка за предлог-законот за спојување на фондовите за здравствено осигурување на новинарите, градежните инженери и адвокатите со Националната организација за здравствена заштита .
Денешниот штрајк се спроведува откако Владата ја соопшти својата намера в среда повторно да го поднесе законот за гласање во Парламентот.
Слично
