Економија, финансии, бизнис

Контакт

Грчките новинари ќе штрајкуваат поради предлози за реформи во социјалното осигурување

Грчките новинари ќе штрајкуваат поради предлози за реформи во социјалното осигурување

Новинарите во Грција ќе штрајкуваат 48 часа, поради владините предлози за реформи во социјалното осигурување.

Оваа одлука е донесена на синоќешната средба меѓу сите релевантни новинарски синдикати, јави дописникот на МИА од Атина. Според соопштението, весниците, списанијата, онлајн медиумите, новинската агенција АНА-МПА, Генералниот секретаријат за информации и комуникации и сите прес-канцеларии ќе штрајкуваат од шест часот во четврток на 21 април, до шест часот во сабота на 23 април.

Јавните и приватните телевизии и радио станици ќе штрајкуваат од шест часот во петок на 22 април до шест часот во недела на 24 април.

За 22 април повторно е закажан состанок на Управниот совет на Грчката федерација на новинари на кој ќе се одлучува за понатамошно дејствување.

Слично

Поврзани вести