Економија, финансии, бизнис

Контакт

Грчките медиуми откриваат каде и кога ќе се сретнат Димитров и Коѕиас

Грчките медиуми откриваат каде и кога ќе се сретнат Димитров и Коѕиас

Македонскиот министер за надворешни работи, Никола Димитров, и грчкиот шеф на дипломатијата,  Никос Коѕијас, би можеле да остварат нова средба во Софија, пренесоа грчките медиуми. 

Според грчката државна телевизија ЕРТ, средбата, веројатно, ќе биде остварена в четврток.

„Коѕијас и Димитров повторно ќе се состанат во Софија на маргините на неформалниот совет на министрите за надворешни работи на ЕУ со колегите од земјите кандидати за европска интеграција“- објави грчката државна телевизија.

Весникот „Катимерини“ пишува дека Коѕиас и Димитров ќе се сретнат во Софија. 

„Грција, од своја страна, изрази интерес да продолжат контактите се додека Скопје и Атина не стигнат до заеднички текст, односно т.н. спогодба, што ја предлага Коѕиас како основа за разговори. На тет а тет вечерата што ја имаа завчера вечерта двајцата министри, пред нивната вчерашна средба со Нимиц, имаа разговор за суштината и за процедуралните прашања“ -  пишува „Катимерини“.

Весникот „Авги“, кој важи за близок до партијата СИРИЗА, пишува дека сѐ повеќе се згуснуваат чекорите „за решавање на македонското прашање“, а по средбата во Виена веројатно е дека Димитров и Коѕијас одново ќе се сретнат во Софија.

Министрите за надворешни работи на Република Македонија и Грција вчера се сретнаа во Виена. Тие се согласија да продолжат со преговорите за спорот за името под покровителство на Обединетите нации. На средбата присуствуваше и посредникот, Метју Нимиц.

Слично

Поврзани вести