Грчките медиуми не знаат како да го адаптираат „Илинденска Македонија“
Грчките медиуми ги преземаат информациите од македонските портали околу новиот предлог за името, но имаат проблеми со адаптацијата на грчкиот јазик, објави „Мета“.
Во грчка транскрипција и превод, првичните верзии се „Македониа ту Илинден“ (Μακεδονία του Ίλιντεν – Илинденска Македонија) или „Димократиа тис Илинден Македониас“ (Δημοκρατία της Ίλιντεν Μακεδονίας – Република Илинденска Македонија).
Информациите се главно околу историјатот на терминот и засега нема коментари колку тоа се вклопува во грчките црвени линии или дали е прифатливо за грчката страна.
Извори од владата само повторуваат дека „Ерга омнес и уставни промени се неопходни за да има договор“, како и дека премиерот Алексис Ципрас утре и в недела ќе ги информираа политичките партиии и претседателот на државата за резултатите од средбите во Софија.
