Економија, финансии, бизнис

Контакт

Лидерите разочарани, кредиторите без договор за Грција

Лидерите разочарани, кредиторите без договор за Грција

Откако пропадна обидот Грција и меѓународните кредитори да се договорат околу грчкиот долг, Премиерот Андонис Самарас ги повика еврозоната и Меѓународниот монетарен фонд да се држат до своите обврски, нагласувајќи притоа дека Грција ги  направила сите отстапки на кои што се обврзала.

„Не само Грција, туку целата еврозона зависи од одлуките на нашите партнери. Не може да се дозволи понатамошно одолговлекување“, нагласи Самарас кој утре ќе присуствува на самитот на лидерите на Европската унија во Брисел и ќе се сретне со шефот на еврогрупата Жан Клод Јункер. На иста линија се најде и лидерот на ПАСОК Евангелос Венизелос, кој ги повика партнерите на земјата и кредиторите да се воздржат од користење на Грција како алиби во рамките на пошироката европска криза, а нагласи и дека неговата земјата постојано донесува тешки одлуки, стравувајќи од банкрот. Несогласувањата меѓу еврозоната и ММФ не се ништо ново, рече Венизелос, кој коментираше дека двете страни требаше да донесат одлука пред утрешниот состанок на ЕУ за буџетот на Унијата. Опозиционата Сириза пак ја критикуваше стратегијата на Владата да се сложи со сите барања на кредиторите за да ја обезбеди следната транша помош за земјата. По вчерашниот неуспешниот состанок на еврогрупата околу грчкиот долг, следниот состанок меѓу еврогрупата и ММФ за Грција ќе се одржи во понеделник.
Слично

Поврзани вести