Економија, финансии, бизнис

Контакт

Грчките лекари повторно на штрајк

Грчките лекари повторно на штрајк

Со минимален број на персонал утре ќе работат државните болници во Атина и Пиреја, поради 24-часовниот штрајк што го свикаа лекарите. Тие ќе организираат и демонстрации пред Министерството за здравство.

Лекарите, на кои досега платите им се намалени за околу една третина, ќе протестираат против доценењето на исплатата на надоместок за нивните намалени смени, јави „Катимерини“.

Последната исплата била извршена во ноември минатата година.

Слично

Поврзани вести