Грчките компании за руски гас ќе плаќаат во рубљи
Грција се префрлa на плаќање за рускиот гас во рубљи.
Грчките компании-увозници на руски гас одлучиле да ја прифатат шемата за плаќање кон „Гаспром“ во рубљи, со што нема да има прекин на испораките на енергенси за Грција. Процесот на плаќање е во тек, вели извор на „Спутник“.
Европската комисија (ЕК), претходно испрати писмо до земјите-членки на ЕУ во кое објаснува дека компаниите од ЕУ, под одредени услови, можат да плаќаат за рускиот гас во рубљи, без да ги прекршат санкциите против Русија. Украина бараше максимални санкции против Русија и Европа да покаже единство. САД и ЕУ досега воведоа серија санкции против Русија поради инвазијата на Украина која почна на 24 февруари.
Слично
