Грчките компании извлекуваат „мрсни“ дивиденди од нивните македонски фирми!
Мермерен комбинат, по цементарницата УСЈЕ која изнесе над 35 милиони евра, е втора македонска компанија во доминантна грчка сопственост, што извлекува голем износ во дивиденда. Клучна дилема на нашата инвеститорска заедница е дали и „Стопанска банка Скопје“ ќе го следи нивниот пример?
Акционерите на прилепски Мермерен комбинат одлучија да си поделат 2,75 милиони евра дивиденда, објави компанијата одлука на акционерското собрание одржано на 21 ноември годинава. Секоја акција на оваа профитабилна компанија носи бруто добивка од 39,75 денари односно 0,65 евра. Дивидендата се дели од нераспределени добивки акумулирани до крајот на 2013 година како и од резервите на компанијата настанати до крајот на 2009 година.
Дивидендата во бруто вредност од 187,36 милиони денари ќе се исплаќа од 9 декември до крајот на годинава.
Според најновиот ревизорски извештај за таа компанија за работењето во 2013 година пишува дека акумулираната добивка изнесува 329,7 милиони денари (5,35 милиони денари), што може да се потврди и од документот објавен на веб страницата на Македонската берза за хартии од вредност.
Најголем акционер во прилепската компанија е STONE WORKS HOLDING COOPERATIF U.A инвестициски фонд што поседува 88,4 отсто од акциите со право на глас во таа компанија. Втор најголем акционер е грчката „Пиреус банка“ која поседува 10 отсто од акциите. Доколку се усвои предлогот во тој случај грчкиот инвестициски фонд ќе повлече 149,1 милиони денари дивиденда, а приватната грчка банка ќе добие 16,94 милиони денари за своите 10 отсто од акциите.
Според официјалните податоци на Централниот депозитар за хартии од вредност во прилепската компанија акции имаат и 90 домашни физички лица кои заедно поседуваат 52.218 акции односно 1,11 отсто од капиталот. За нив дивидендата изнесува речиси 2,1 милиони денари односно околу 33.900 евра.
Од ова акционерско собрание корист ќе има и нашата држава затоа што во касата на буџетот ќе се влеат 17,9 милиони денари. Прилепскиот Мермерен комбинат освен по тоа штвен по својата дејност во нашата земја, се издвојува и по тоа што е единствена компанија на територијата на Република Македонија чија акција се тргува на грчката берза за хартии од вредност со седиште во Атина.
Прилепскиот комбинат работи многу успешно и годинава.
Слично
