Грчките хотелиери се борат за опстанок?
Многу од грчките хотели се борат за егзистенција. Два од пет хотели во Грција се изложени на ризик од банкрот.
Претседателот на Конфедерацијата на туризам, сместување и претприемачи на Грција, Константинос Брентано на годишното собрание на здружението изјави дека на 40% од членовите им се заканува банкрот. Даночните обврски, платите и другите трошоци го прават нивниот опстанок неизвесен. И покрај добрата туристичка сезона лани, Брентано истакна дека низа фактори, внатрешни и надворешни, носат ризици за оваа година. Тука спаѓаат терористичките напади во други земји, бегалската криза и нејзиното управување во комбинација со мерките на штедење.
Слично
