Економија, финансии, бизнис

Контакт

Грчките хотели сами ќе произведуваат храна

Грчките хотели сами ќе произведуваат храна
Кон производство на храна се насочуваат сопствениците на хотели во Грција, бидејќи намалувањето на цените некогаш не е доволно за надминување на кризата. Кризата направила и сопствениците на хотелите, покрај украсните растенија да насадат и зеленчук во рамки на хотелските комплекси за да ги намалт трошоците за работа. Најголем проблем е тоа што стандардот на средната класа се намалил за 30 до 50 отсто, па има и помалку домашни туристи. Во таа традиционално туристичка држава падот на приходите и профитот во туризмот во последните години е на ниво од околу 40 отсто, Минатата година, Грција ја посетиле 16,1 милиони туристи, три отсто помалку во однос на 2011 година. Поради тоа цените во хотелите се намалени, а квалитетот на услугите е зголемен, тврдат Грците. Во екот на сезоната, грчките туристички агенции последните четири години загубиле просечно по 23 отсто од своите приходи, а бројот на резервирани соби е намален за повеќе од 12 отсто. Хотелиерите тврдат дека поголемиот дел од нив работат без профит само за да ја одржат работата. Грците велат дека им е полесно преку лето бидејќи има повеќе работа и може нешто да направат, но затоа во текот на зимата им е потешко бидејќи нема работа, а сметките им се поголеми. Оваа година Грците поради зголемениот број на резервации очекуваат рекордни 17 милиони туристи.
Слично

Поврзани вести