Економија, финансии, бизнис

Контакт

ГРЧКИТЕ ХОТЕЛИ НА КРИТ НЕМА ДА ПРИМААТ ТУРИСТИ ОД ЕУ: Лошо искуство од претходните години

ГРЧКИТЕ ХОТЕЛИ НА КРИТ НЕМА ДА ПРИМААТ ТУРИСТИ ОД ЕУ: Лошо искуство од претходните години

Грчките хотелиери најавија дека ова лето нема да примаат гости од земјите членки на Европската Унија, нагласувајќи дека имале лошо искуство од претходните години кога се соочувале со тужби од по илијадници евра.

Според Манолис Цакалакис, претседателот на здружението на хотелиерите на грчкиот остров Крит, најверојатно вратите за странските туристи оваа година ќе останат затворени. Вели дека во минатото им пристигнувале тужби за разни причини кои ги чинеле илијадници евра, а сега како што вели, сопствениците на хотелите може да се соочат со уште посериозни тужби доколку некој од странските туристи се зарази со корна вирусот.

Хотелиерите ќе ги преземат сите мерки за безбедност од Ковид-19, вели Цакалакис, нагласувајќи дека се ќе биде според пропишаните протоколи, но, појаснува дека никогаш не се знае дали некој од туристите може да се инфицира со вирусот.


Слично

Поврзани вести