Грчките финансиски пазари отвораат во понеделник
Грчките финансиски пазари ќе отворат на 3 август, понеделник, соопшти Министерството за финансии на Грција, цитирано од Блумберг.
Според Заводот некои ограничувања ќе останат во сила.
Претходно Ројтерс истакна, повикувајќи се на декретот на Министерството за финансии дека се уште треба да се воспостават нови правила за тргување.
Пазарите се затворени од 29 јуни, кога владата ги затвори банките и наметна строги рестрикции за повлекување на пари и странски трансфери, за да се спречи финансиски колапс.
Според плановите, одобрени од Европската централна банка, ќе им биде дозволено на локалните инвеститори да купуваат акции со расположливите средства, но ќе биде забрането да се повлечат пари од грчките банкарски сметки, за да се купуваат акции.
