Економија, финансии, бизнис

Контакт

Грчките фармери се закануваат со целосна блокада на границата

Грчките фармери се закануваат со целосна блокада на границата

Грчките фармери гo зголемуваат времето за блокади и се закануваат со неограниченo затворање на сите гранични премини со соседните земји.

Сообраќајот внатре во земјата, исто така е блокиран со прекин на движењето по автопатот "Игнација".

Фармерите од различни краеви на Грција предупредуваат за долготрајна или целосна блокада на централните патни артерии и на граничните премини.

Лидерот на земјоделскиот синдикат во Серес, Стергиос Лицос, соопшти за заедничко решение да се блокира целосно граничниот премин Промахон-Кулата, како нема да се дозволи премин и на автомобили и автобуси. На другите гранични премини со Бугарија и Турција засега ја почитуваат програмара - по два часа на ручек и два часа навечер.

Слично сценарио го прекинува и движењето на границите со Македонија и Албанија.

Kaj e Верија блокираан целосно автопатот.

Се очекува во наредните денови да се блокира и пристапот до аеродроми и пристаништа. Синдикатите најавија заеднички национален штрајк во четвртокот - 4-ти февруари.

Протестите се однесуваат пензиските реформи во Грција и намерата за намалување на пензиите согласно договорот за третиот спасувачки пакет. Фармерите сепак се цврсто против, бидејќи се на се и реформата значи да им бидат укинати одбивања за пензија.

Слично

Поврзани вести