Грчките фармери повторно се подготвени на протести
Грчките фармери се закануваат со немири и протести. Ова може да се случи уште во август, ако Парламентот ги прифати условите на кредиторите за високо оданочување во земјоделскиот сектор, пренесоа агенциите.
Грчките фармери, кои масовно гласаа за „СИРИЗА“, веќе подготвуваат протести против владата.
Во договорот меѓу Атина и кредиторите се заробени промени во оданочувањето во земјоделскиот сектор. Контроверзниот закон беше отстранет во последен момент од пакетот реформи кои парламентот ги усвои пред еден ден, но ќе се гласа во август. Против овие мерки реагираат не само пратениците од „СИРИЗА“, туку и од опозицијата. Пратениците од аграрната областа не се склони да го поддржат високото оданочување.
Земјоделците од северна Грција дури предупредија дека се подготвени и на масовни протести. „Ја предупредуваме Владата дека ако достави до парламентот за гласање промените за ново оданочување, сите трактори од област Серес ќе бидат на патиштата“, изјавиле тие.
Во аграрните области Крит и Тесалија се исто така подготвени за протести дури и во екот на летото. Фармерите сметаат дека кредиторите сакаат 26% оданочување во земјоделскиот сектор во просек за Унијата 12%. Предлогот вклучува и плаќање на целосна акциза на горивата за земјоделската техника.
Медиумите потсетуваат дека протестите на грчките фармери секогаш водат до оставка на владата во Атина.
