Економија, финансии, бизнис

Контакт

Грчките фармери на блокади - со што ги налутија властите?

Грчките фармери на блокади - со што ги налутија властите?

Грчките земјоделци почнуваат со нов бран протести и со блокада на патиштата низ земјата. 

Ова е во знак на револт против владината политика кон нив и укинувањето на дел од бенефициите кои ги имаа. 

Од денеска со блокади ќе почнат земјоделците од Крит и од Тесалија, а најдоцна до четврток кон блокадите се очекува да се приклучат и земјоделците од Лариса, Фарсала, Трикала и од други делови на Грција.

Дел од земјоделците од Серес размислуваат и за блокада на граничниот премин кон Бугарија, слично како и минатата година. Засега нема најави за блокирање на границата со Македонија, како што беше случај лани.

По заедничкиот состанок викендов, земјоделците одлучија од неделава повторно да се вратат на автопатиштата и делумно да ги блокираат, а се размислува и за протести и за демонстрации во Солун и во други градови во земјата.

Земјоделците сè уште се организираат и не се сигурни дали ќе има силен одѕив на протестите како минатата година, затоа што голем дел од реформите против кои реагираат веќе се усвоени од грчкото собрание.

Слично

Поврзани вести