Економија, финансии, бизнис

Контакт

Грчките блокади ја оштетиле македонската железница за 12,5 милиони евра

Грчките блокади ја оштетиле македонската железница за 12,5 милиони евра
Раководствата на Македонски Железници – Инфраструктура и Грчките железници, договорија интензивирање на соработката. Директорите, Ирфан Асани и Панајотис Теофанопулос – вчера имаа средба во Скопје. Според двајцата директори средбата била историска бидејќи се случува по 25 години, односно период во кој немало никакви средби меѓу двте компании.  Средбата и сега е во време кога Грција и Македонија се уште се далеку од компромис во спорот за името. Токму затоа таа, освен економска има и своевидна политичка димензија. Сепак нејасно остана што конкретно договорија директорите на двете железници. 

Освен најавата дека ќе се интензивира соработката меѓу македонските и грчките  железници, став што го потенцираа Асани и Теофанопулос, нејасно остана во кој дел ќе се интензивира соработката. Од друга страна, ниту Теофанопулос, ниту Асани не сакаа да одговорат колкави се штетите што македонските железнички компании ги трпат поради блокадите и штрајковите на грчките железници. Директорот Ирфан Асани, кој е на раководната позиција на МЖ-Инфраструктура, негираше дека влијанието на таквите штрајкови и блокади било од клучно значење за македонските железници.

Во документите што минатата година беа презентирани во Собранието, а кои се однесуваа на состојбите во железницата пишуваше дека во период од три години двете железнички компании од земјава имаат штета од околу 12,5 милиони евра.

Во периодот на 2009, 2010 и 2011 година, само поради штрајкови и блокади во железничкиот сообраќај од страна на Грчките железници, железничкиот систем во Република Македонија има претрпено финансиски штети и загуби и тоа: МЖ Транспорт АД – Скопје, Товарен сообраќај има претрпено финансиски штети од 9.488.841 евра, додека вкупните штети на ЈП МЖ Инфраструктура - Скопје од штрајкот и блокадите на Грчките Железници изнесува 180,663,584 денари или 2,928,097 евра“, пишува во извештајот што минатата година беше разгледуван пред пратениците.

Финансиски штети на Македонски Железници Транспорт АД само од неработењето на Грчки железници

Вкупни штети на ЈП МЖ Инфраструктура- Скопје само од штрајкот и блокадите на Грчките Железници

Средба со политичка димензија

Двајцата директори вчера, пак потенцираа само дека очекуваат интензивирање на соработката.

„Сите пруги треба да се поврзани и да имаме еднакви стандарди. Не се работи за македонски, српски или грчки железници, туку за железница како целина во која треба да имаме побрз пренос на патници и стоки. Еден воз кога ќе тргне од Пиреа или Атина и ќе стигне во Германија, тогаш тој воз не е само грчки, туку на сите држави низ кои поминува“, изјави Теофанопулос.

Железничкиот сообраќај на Коридорот 10 е намален за три ипол пати во споредба со периодот пред економската криза, а една од причините поради која европските бизнисмени се повеќе ја заобиколуваат Македонија, според директорот Асани, е лошата железничка инфраструктура.

„Имавме 28 црни точки каде имавме бавно движење на возовите, односно тие се движеа со намалена брзина од 20 километри на час. Исто така, имаме и други проблеми кои ги немаат земјите кои веќе се дел од ЕУ како Бугарија и Грција. Имаме чекање на стоката на царинска или полициска контрола која во дадени ситуации трае и со часови“, изјави Асани.

Инаку оваа средба на двајцата директори, се случува по 25 години, во време кога Грција и Македонија се уште се далеку од компромис во спорот за името. Токму затоа таа, освен економска има и своевидна политичка димензија. Интересно е дека грчкиот директор Панајаотис Теофанопулос се сретна само со директорот на МЖ-ИНфраструктура, Ирфан Асани, кој е кадар на ДУИ, а не се сретна со директорот на МЖ-Транспорт, Оливер Дерковски, кој пак е кадар на ВМРО-ДПМНЕ. Теофанопулос, во Скопје дошол на покана на Асани.

С.Н  

 

Слично

Поврзани вести