Економија, финансии, бизнис

Контакт

Грчките банки остануваат затворени до четврток

Грчките банки остануваат затворени до четврток

Банките во Грција ќе останат затворени уште два дена од неделата, соопштил претседателот на банкарската асоцијација на земјата.

Според Лука Кацели во вторник и среда се задржува и лимитот за влечење до 60 евра на ден од банкоматите со картички на грчките банки.

„Решивме да се продолжи банкарскиот одмор со два дена - вторник и среда“, соопштил Кацели по средбата меѓу шефовите на најголемите банки во земјата и раководството на финансиското министерство.

Банкарски извор за „Ројтерс“ изјавил дека владиниот план предвидува продолжување на банкарската блокада за неколку дена - веројатно до петок или до следниот понеделник.

Веројатно раководството на Министерството за финансии се потпира на премиерот Алексис Ципрас и новиот министер за финансии Евклид Цакалотос да поднесат до доверителите и лидерите од еврозоната доволно убедливи нови реформи и планови.

Ако утре биде одобрена од Еврогрупата и 19-те лидери, оваа зделка може да и даде доволна причина на „ЕЦБ“ да започне од среда со доделување на нова ликвидност за банкарскиот систем на Грција и таа да проработи нормално од четвртокот.

Сепак, таква зделка треба да биде ратификувана од секоја од земјите со единствена валута, вклучувајќи го и парламентот во Атина.

Слично

Поврзани вести