Економија, финансии, бизнис

Контакт

Грчките банки може да добијат предвремено финансирање од 10 милијарди евра

Грчките банки може да добијат предвремено финансирање од 10 милијарди евра

Грчките системски банки се очекува да добијат предвремено финансирање во износ од 10 милијарди евра за зголемување на капиталната адекватност. Тоа ќе се случи откако владата во Атина го договори новиот кредитен договор со Европскиот стабилизационен механизам, соопштува локалниот сајт News.in, цитиран од агенциите.

Постапката ќе биде слична на онаа од 2012 година, кога грчките банки беа потпомогнати со "Мостова рекапитализација".

Во април 2012 година банките во Грција добија 25 милијарди евра во форма на обврзници од Европскиот фонд за финансиска стабилизација кои беа преведени на грчкиот фонд за финансиска стабилизација.

Во мај истата година владата во Атина ги одобри плановите за рекапитализација на грчките банки и тие добија 18 милијарди евра од Европскиот фонд за финансиска стабилизација. Четирите потпомогнати банки беа Alfha Bank, Eurobank, Piraeus и National Bank of Greece. Истиот план ќе биде спроведен и сега.

Во исто време желбата на грчката влада е да ги забрза разговорите на постапката со доверителите, па на 18 август да биде изгласан договорот за третиот пакет за спас на земјата и да се преведе првата транша од 25 милијарди евра од Европскиот стабилизационен механизам десет милијарди од кои ќе одат за рекапитализација на грчките банки.

Слично

Поврзани вести