Грчките банки добиваат инвестиции од американски хеџ фондови
Значајни пакет акции од грчките банки купува инвестицискиот фонд на милијардерот Џон Полсон како и други американски хеџ фондови, бидејќи се убедени дека Грција е во процес на излез од кризата, пишува британскиот весник „Фајненшел тајмс“.
Интересот на овие фондови е толку голем што големите грчки банки од Владата во Атина бараат да ја разгледа можноста за забрзување на повторната приватизација на грчкиот банкарски секторот, забележува весникот.
Освен Џон Полсон, во грчките банки инвестираат и други хеџ фондови, а меѓу нив и „Баупост“, „Иглвејл“, „Дромеус Капитал“, „Фалкон“, „Еџ“, „Јорк Кепитал“ и „Оч-Зиф“. Инвестиции во грчките банки имаат и фондовите „Велингтон Кепитал“ и „Фиделити“.
Весникот посочува и дека акциите на „Алфа банк“ и банката „Пиреус“ забележаа раст по нивната докапитализација.
