Грчките банки бараат помош поради франакот!
Две грчки банки побарале итна помош за подобрување на ликвидноста, соопштуваат неименувани претставници од централната банка на Грција.
Претставниците не сакале да ги коментираат тврдењата на грчките медиуми според кои Еуробанка и Алфабанка веќе доставиле барања за добивање на помош, но наведуваат дека тоа прашање ќе се најде на заседанието на Европската централна банка на 22 јануари.
Според оценките на економистите, ваквите барања на грчките банки следат поради кризата на меѓународните пазари која предизвикала одлука на Централната банка на Швајцарија да ја укине мерката на ограничување на минималниот курс на франакот спрема еврото, но и после финансиската неизвесност во Грција во очи одржувањето на генералните избори на 25 јануари.
После одлуката на Швајцарската централна банка, франакот регистрирал силен скок на вредноста, додека еврото паднало.
