Економија, финансии, бизнис

Контакт

Грчките автомобили се регистрираат во Бугарија, поевтино е!

Грчките автомобили се регистрираат во Бугарија, поевтино е!
Кризата направи големи промени во Грција. А особено лошо поминаа работите на тамошниот автомобилски пазар,  најмногу поради новиот данок за луксузните автомобили. Но излез сепак има - да го регистрираш скапиот автомобил во Бугарија, посочуваат познавачите на состојбите. Она што за Софија е пазарот за половни автомобили половни во Дупница,  за грчката престолнина е на пазарот „Керацас" во атинскиот кварт Илион. Веќе 25 години тој нуди сè - од скромна Опел Корса до импозантни џипови со темни стакла како Чероки или Хамер. Сепак трговците во Грција се жалат дека продажбата оди слабо. Новите даноци го уништија пазарот Грците се почесто се одлучуваат да ги продадат скапите луксузни возила. Ако пред десетина години 55-годишниот Никос Петропулос.платил 100 илјади евра за своето Порше Бокстер, сега го продава за 10 илјади евра поради новиот данок за луксузните автомобили. Тој беше воведен со аргументот дека секој може да си дозволи скап автомобил со моќен мотор, треба и добро да заработува. Оттука ако поседуваш Порше,  автоматски си дел од оние граѓани со приход од над 15 илјади евра. Оттаму ќе плаќаш 880 евра данок за поседување на возилото и уште 1 500 евра годишно поради новиот данок за автомобил со поголема зафатнина на моторот. Оттука, коментираат трговците, новите трошоци водат до абсурд на пазарот, даноците се повисоки од цената на автомобилот. Спасот е во бугарската регистрација Според податоците на Сојузот на увозниците на автомобили, од 2008 година продажбата се намалила за околу 80%. Грците пак кои сакаат да поседуваат појаки автомобили, почнаа да ги носат во Бугарија и таму да ги регистрираат. Трговците предвидуваат дека набрзо единствените добри автомобили по грчките патишта ќе бидат оние со бугарски регистарски таблички, посочува „Deutsche Welle“. И навистина - од неодамна на патиштата во Грција се почесто се гледаат големи џипови и скапи лимузини со бугарски таблички. Нивните сопственици регистрираат паралелни фирми во Бугарија, каде што плаќаат даноци. Така, наместо да ја полнат државната каса, новиот данок за луксузните возила му нанесе смртоносен удар на грчкиот автомобилски пазар.
Слично

Поврзани вести