Грчките аеродроми под концесија?
Грчката Влада кова нов план за справување со кризата во земјата, овој пат според претставници на државниот фонд за приватизација на мета се аеродромите кои власта во Грција планира да им ги даде на приватни инвеститори. Под концесија ќе бидат дадени аеродроми кои сообраќаат со повеќе од 250.000 патници годишно, и со тоа претставуваат можност за инвестиција, а можно е да има интерес и за терминали со сообраќај од 75.000 до 250.000 патници годишно.
Министерот за развој Костис Хаџидакис соопшти дека аеродромите ќе останат во државна сопственост, а Владата ќе ја задржи својата мониторинг улога.
Слично
