ГРЧКИОТ СУД ПРЕСЕЧЕ: Нема да има екстрадиција на турските војници
Грција нема да ги екстрадира турските војници во нивната земја.
Врховниот суд на Грција одлучи осумте турски војници да не ги екстрадира во Турција. Војниците во јули минатата година, по неуспешниот обид за пуч во земјата, со хеликоптер пристигнаа во грчкиот град Александруполи.
„Дојдовме во Грција, бидејќи во Грција ќе имаше независно судење, почитување на човековите права и ќе можевме да добиеме фер судење во земја членка на ЕУ“ - пишаа војниците во писмо до грчките медиуми.
Врховниот суд го одби барањето на Турција и ги уважи аргументите на турските војници дека во нивната родна земја нема да имаат фер судење, ќе бидат изложени на тортура, а можно е да бидат и убиени.
Турскиот министер за надворешни работи, Мевљут Чавушоглу изјави дека Анкара ќе ги преземе сите потребни мерки, вклучувајќи го и поништувањето на билатералната спогодба за реадмисија со Грција.
Во Турција ги сметаат пребеганите војниците за предавници.
