Економија, финансии, бизнис

Контакт

ГРЧКИОТ ПАРЛАМЕНТ НА ПОТЕГ: Ќе го изигра ли Ципрас Каменос со широко мнозинство?

ГРЧКИОТ ПАРЛАМЕНТ НА ПОТЕГ: Ќе го изигра ли Ципрас Каменос со широко мнозинство?

Кабинетот на грчкиот премиер Алексис Ципрас соопшти дека владата сака да обезбеди широк консензус во парламентот после барањето на коалициониот партнер Панос Каменос спогодбата со Скопје за промена на името на Макеоднија во грчкиот парламент  да ја ратификува проширено мнозинство од 180 пратеници, од вкуно 300 колку што ги има, наместо просто мнозинство од 151 пратеник.

„Желбата на Владата е за договорот за решение на проблемот кој со години ја оптеретува нашата надворешна политика да обезбеди најшироко мнозинство во парламентот“ се наведува во соопштението.

Кабинетот на Ципрас додава дека владата на парламентот ќе му достави и договор за името на Македонија кој бара потврда од парламентот во двете земји - протокол за пистапување на Македонија во НАТО.

Во соопштението нема јасен коментар за наговестувањето на Каменос за можни избори или референдум доколку владеачката коалиција не обезбеди проширено мнозинство од 180 пратеници.

Кабинетот на грчкиот премиер, меѓутоа, го критикува лидерот на конзервативната Нова демократија Киријакос Мицотакис, наведувајќи дека тој е единствен опозициски лидер во историјата на земјата кој бара избори од почетокот на владиниот мандат.

Претходно, грчкиот министер за одбрана и клучен партнер во кревката владеачка коалиција на левиот центар Панос Каменос, изјави дека ќе се обиде да го блокира договорот постигнат со Скопје минатиот месец за името на Македонија, а кој треба да го ратификуваат парламентите на двете земји.


FOTO: REUTERS / ALKIS KONSTANTINIDIS

Слично

Поврзани вести