Економија, финансии, бизнис

Контакт

Грчкиот парламент го усвои Законот за депортирање на бегалци во Турција

Грчкиот парламент го усвои Законот за депортирање на бегалци во Турција

Парламентот во Атина го усвои Законот за депортирање на бегалци во Турција според договорот меѓу Брисел и Анкара.

За првпат конзервативците од Нова демократија ја поддржаа СИРИЗА при гласањето. Така од грчките острови во Егејот од понеделник започнува враќање на нелегално влезените мигранти на територијата на Европската унија без право на бегалски статус, а пратеници изјавија дека до Велигден сите бегалци од пристаништето Пиреја ќе бидат префрлени во кампови.

Усвојувањето на законот предизвика уште поголема реакција меѓу мигрантите на островот Хиос. Стотици луѓе го напуштија кампот таму и се наоѓаат на пристаништето, како сакаат да бидат испратени до Пиреја. Целта е да не паднат во првата група од 500 лица, која ќе биде вратена во Турција.

Силите на Европската агенција за заштита на границите - „Фронтекс“ (Frontex), кои се на островот Лезбос, се подготвени да обезбедуваат неколку брода, кои ќе го извршат трансферот на бегалците до турскиот брег.

Во Идомени бегалци и мигранти започнаа штрајк со глад со надеж да извршат притисок врз македонските власти да ја отворат границата. Локалните жители пак денес протестираат против мигрантите, а медиумите јавуваат дека италијанските власти заплениле брод со луѓе кои испловиле од островот Крф.

Слично

Поврзани вести