Економија, финансии, бизнис

Контакт

Грчкиот остров Миконос се соочува со недостаток на вода!

Грчкиот остров Миконос се соочува со недостаток на вода!

Не, ова не е шега, грчкиот остров Миконос се соочува со недостаток од вода! Една од најпопуларните летни дестинации во светот, космополитскиот грчки остров Миконос се соочува со сериозни недостатоци на вода. Се проценува дека водните рестрикции на островот ќе траат до крајот на јули. Ова звучи иронично кога туристи плаќаат до 3000 € за една ноќ а немаат можност да се истушираат во нивната соба.

Локалните власти биле свесни за проблемот уште од февруари. Водата во двата резервоари на островот, во Марати и Ано Мера, била намалена поради сушата. Во меѓувреме, посебен буџет бил одобрен да се справат со проблемот. Засега постојат две можни решенија, бигор и трансфер на вода од Атика, Грција да Миконос со посебни садови.

Постојани жители на островот се 7000 а во текот на сезоната бројката знае да порасне до 80.000 туристи.

Потрошувачката на вода е огромна, бизнисмени и локалните жители се плашат дека водата ќе ја нема до август, а тоа сериозно ќе му наштети на туризмот на островот.

Слично

Поврзани вести