Економија, финансии, бизнис

Контакт

Криза: Илјада грчки семејства секој ден остануваат без струја

Криза: Илјада грчки семејства секој ден остануваат без струја
Поради неплатени сметки околу илјада домаќинства на ден остануваат без струја во Грција.  Долгот кон националната компанијата за струја изнесува 1,1 милијарди евра. Се работи за неплатени суми поврзани со специјалниот данок за недвижен имот кој Грците го плаќаат заедно со сметките за струја. Новиот данок го воведе Владата во рамките на мерките за строги економии со цел излез на земјата од должничката криза. Данокот варира во зависност од употребата, големината и реонот каде што се наоѓа недвижноста. Новиот данок се наплаќа заедно со сметките за струја и на оние кои не го плаќаат им се запира електричната енергија. На должниците им се дава рок да ги платат сметките за струја.
Слично

Поврзани вести