Економија, финансии, бизнис

Контакт

Грчкиот ланец за брза храна „Гудис“ доаѓа во Скопје

Грчкиот ланец за брза храна „Гудис“ доаѓа во Скопје
Првиот ресторан од ланецот за брза храна „Гудис“ ќе биде отворен в петок во „Веро Центарот“ во Скопје. Франшизата за ресторан од овој тип ја има Веропулос - Скопје. „Среќни сме што имаме можност на скопјани да им понудиме ново место во мапата на ресторани, место со вкусна и деликатесна храна, да ги понудиме уникатните вредности на грчката кујна, квалитетна и брза услуга од нашите вработени, разновидна храна подготвена според највисоките стандарди за квалитет, со специфичен медитерански вкус“, вели Костас Теодосијадис, генерален директор на Веро.

Според него, отворањето на првиот „Гудис“ во Скопје ги најавува плановите за забрзан пробив на овој бренд за брза храна на странските пазари.

Првиот ресторан „Гудис“ е отворен во 1975 година во Солун, а денес ланецот го сочинуваат над 130 ресторани во Грција,  два на Кипар и еден во Тирана. Во иднина компанијата има намера да отвори уште  22 нови ресторана во повеќе земји.
Слично

Поврзани вести