Грчкиот долг голем колку планина-ќе помогне ли некој?
Претставници на еврозоната одобрија исплата на траншата за Грција од 2,8 милијарди евра од третиот пакет помош, бидејќи официјална Атина ги спровела потребните реформи.
Со добивањето на најновата транша која ја одобри Европскиот стабилизационен механизам Грција доби 31,7 милијарди евра од вкупно 86 милијарди евра вреден пакет помош одобрен на таа земја во јули 2015 година, пренесе Франс прес.
„Денешната одлука за исплата на 2,8 милијарди евра за Грција е знак дека грчкиот народ остварува напредок во реформирањето на својата земја“, се наведува во соопштението на генералниот директор на ЕСМ Клаус Реглинг.
Грчката влада, според неговите зборови, достигнала пресврт во реформите на пензискиот систем, во управувањето на банките, енергетскиот сектор и собирањето на приходи.
„Таа исто така преземала додатни чекори како новите приватизации и инвестицони фондови би биле оперативни“, додава Реглинг.
Доколку Грција „примени дополнителни реформи договорени во рамки на спасувачкиот пакет, нејзината економија би можела да се забрза наредните години, а владата би моежела да биде во состојба да покрене нова емисија обврзници во следната година“, изјавил Реглинг.
Министрите за финансии од еврозоната на 10 октомври ја одблокирале исплатата од 1,1 милијарда евра за Грција, но ја запреле исплатата на уште 1,7 милијарди евра поради „планината“ на неизмерни долгови на Атина.
Целта на Атина, како што наведува АФП е да ја добие преостанатата транша помош и до крајот на годината да заврши со втората ревизија пакет помош, што би го отворило патот за почеток на преговорите за намалување на огромниот грчки долг.
