Економија, финансии, бизнис

Контакт

Грчкиот дел од Јонско Море крие богатство?

Грчкиот дел од Јонско Море крие богатство?
Норвешката компанија ПГС го истражуваше дното на грчкиот дел од Јонското Море и откри вистинско богатство, објави грчкото Министерство за енергетика и животна средина. Сеизмичките истражувања покажале присуство на нафтени структури на површина од 30 илјади километри по дното на Јонското Море, кои би требало да изнесуваат најмалку 600-800 барели нафта, пишува грчкиот весник „Етнос“. Ако тие првични проценки се потврдат, тогаш станува збор за богатство од 80 милијарди долари. Грчката Влада веќе почнува кампања за привлекување енергетски гиганти за нафтени истражувања и планира да објави тендери за давање на концесија на 10-15 блока во границите на тие наоѓалишта. Се очекува нафтени конзорциуми да ги почнат тие истражувања во почетокот на 2015 година.
Слично

Поврзани вести