Економија, финансии, бизнис

Контакт

Грчки пратеници прашуваат кој е ставот на Коѕиас за името

Грчки пратеници прашуваат кој е ставот на Коѕиас за името

Грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коѕиас јасно да ги објасни грчките позиции околу спорот за името, бара поранешната шефица на грчката дипломатија Дора Бакојани.

Пратениците сметаат дека има повеќе спротивставени ставови на владини претставници во врска со критичното прашање за името и затоа бараат Коѕиас да го објасни официјалниот став на МНР.

Велат дека министерот за одбрана Каменос, во последната парламентарна распарава јасно стави до знаење дека националната линија, каква што ја утврдија политичките лидери во април 1993 година, не е променета.

„Вие, напротив, во неколку наврати изјавивте дека Грција има направено значајни чекори во насока на заемно прифатливо сложено име со географска одредница за севкупна употреба“- стои  во писменото прашање и се додава дека неколку членови на Сириза, вклучувајќи и пратеници и министри.

Бакојани, Кефалојанис и Кумуцакос бараат од Коѕиас да каже каков е ставот на Владата и на Министерството за надворешни работи за прашањето за името на Скопје.

Слично

Поврзани вести