Економија, финансии, бизнис

Контакт

Грчки пратеник нема проблем со името Македонија, Македонската Алијанса ја поздрави изјавата

Грчки пратеник нема проблем со името Македонија, Македонската Алијанса ја поздрави изјавата

Пратеникот на СИРИЗА, Макис Балаурас повторно ги разгоре страстите во Грција околу спорот за името на нашата земја.

Само две недели по случајот со министерот, Јанис Музалас кој во телевизиско интервју нашата земја ја именуваше како Македонија, Балаурас во интервју за радиото „Параполитика“ кажа дека лично не би имал проблем да останеме именувани само како Македонија, без никакви географски одредници.

„Не би имал против ни името „Северна“, ни „Славомакедонија“. Не би се противел ни на географска или друг тип на одредница. Лично не би го одбил ни само Mакедонија, бидејќи сметам дека работите и контекстот се јасни, но треба и од другата страна да се направат чекори за средување на одредени работи кои не само што не ги средуваат туку и ги влошуваат“– вели Балаурас.

За министерот за миграција, Музалас, Независни Грци велат  дека тој ја нема нивната поддршка и бараат да биде повлечен од Владата.

Македонската Алијанса го поздравува фактот дека се поголем број на грчки политичари јавно манифестираат демократска свест и разум дека Македонија е реалност како нивна соседна, независна, суверена и мирољубива држава.

Слично

Поврзани вести